МагазинНајново

Првите есенски денови ќе бидат со летни температури, но нема да траат долго – еве кога се очекува дожд 

Денеска започнува есента. Првиот есенски ден е 265-иот ден во годината и до крајот на годинава остануваат уште 100 дена.

 Есента ќе трае до 21 декември во 10 часот и две минути, кога календарски започнува зимата.

На првиот ден од есента, утрото ќе биде посвежо, а потоа сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степени Целзиусови.

И во Скопје утрото ќе биде посвежо, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 32 степени Целзиусови.

Утре и в среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons