Македонија

По пауза од 17 години од март директни летови од Скопје до Амстердам

Директна авионска линија ќе се воведе во март месец од Скопје до Амстердам. Аеродромот „Схипхол“ и скопскиот аеродром ќе бидат поврзани со нискобуџетната авиокомпанија „Трансавија“.

Македонската и холандската престолнина се поврзуваат после пауза од 17 години, односно од 2008 година, пишува Екс-Ју авијација. Билетите веќе се достапни за купување на веб-страницата на авиокомпанијата.

Буџетскиот превозник не се соочува со директна конкуренција, иако Виз Ер го опслужува Ајндховен, кој се наоѓа на околу 125 километри јужно од Амстердам, четири пати неделно.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons