Спорт

По Мане ќе си замине и Салах, Ливерпул бара 60 милиони фунти за Египјанецот?! 

Медиумите од Англија пренесуваат дека Мохамед Салах би можел да замине од Енфилд ова лето со оглед на тоа дека преговорите за нов договор тапкаат во место, Ливерпул бара 60 милиони фунти за Египјанецот.

Ливерпул и Мо Салах долго време се во преговори за продолжување на соработката но нема напредок, напаѓачот бара 400.000 фунти неделно а „црвените“ не се подготвени да одвојат ваква плата.

Според пишувањата на Сан, „црвените“ полека размислуваат да го продадат Египјанецот ова лето, и поставиле цена од 60 милиони фунти.

Реал Мадрид се посочува како една опција, „кралевите“ подолго време пројавуваат интерес за услугите на Мо Салах, и можат да донесат звучно име за нападот откако извисија во немерата да го ангажираат Килијан Мбапе.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons