Почина Панчо од ДНК
Тажна вест утрово се прошири во македонската јавност.
По долготрајната битка со повредите од трагедијата во Кочани, Владимир Блажев-Панчо почина во болницата каде што се лекуваше.
Тој извесно време бил во кома, а на неговата психичка состојба работел поширок тим составен од психолози и психијатри. Тој имаше тешки изгореници на лицето и на рацете.

Панчо уште познат како диџеј Шорти беше дел од музичкото дуо ДНК кое кобната ноќ, на 16. март, настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Андреј, неговиот колега, смртно настрада ноќта а време на пожарот во кочанската дискотека, на 43-годишна возраст.
Панчо е роден 29 јули 1979 во Скопје.
И двајцата беа познати и докажани хуманисти.
Зад себе остави два сина, Андреја и Марјан.