Посебен сообраќаен режим денес и утре во Скопје
Министерството за внатрешни работи информира за посебен режим на сообраќај денес и утре во Скопје.
„На 31.03.2026 и 01.04.2026 (вторник и среда) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Црна Гора, Н.Е. г. Јаков Милатовиќ. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје“, велат од МВР.
Од таму апелираа до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.



