Полицијата однесе десетици тони марихуана од скопската фабрика „Алфафарм“
Во рамките на истрагата поврзана со заплената на пет тони марихуана во Србија, која наводно потекнувала од фабрика за производство на медицински канабис во Македонија, полицијата вечерва заплени десетици тони марихуана од компанијата „Алфафарм“, која се наоѓа во кругот на поранешната фабрика ОХИС.
На снимката која вечерва ја објави телевизијата „Алфа“ се гледаат камиони со натоварената марихуана како го напуштаат кругот на поранешен ОХИС.
Според првичните информации кои ги објавија некои медиуми, вечерва станува збор за заплена на десетици тони марихуана од компанијата, во која косопственик е Иван Драгниќ, уапсен во Србија во врска со петте тони марихуана пронајдени во фабрика во сопственост на општински советник на владејачката Српска напредна партија во Крушевац.



