Свет

Полициско куче спаси две деца во Националниот парк Индијана

Ги насочило спасувачите кон точната локација.

Полициско куче од специјалната единица К-9 пронашло две 11-годишни деца што биле загубени во густата шума во Националниот парк Хузиер во американската држава Индијана, соопшти денес канцеларијата на шерифот на округот Браун.

Службите за итни случаи биле испратени во областа на езерото Санденс во Националната шума Хузиер околу 17:48 часот во неделата попладне, откако добиле пријава дека двете деца „се одвоиле од мајка си и се загубени во густа шума“, се вели во соопштението, пренесува Еј-би-си њуз.

„Нашиот оддел, заедно со Одделот за природни ресурси, Полициската управа на Нешвил, Противпожарната служба на општина Харисон и Противпожарната служба на доброволци на Саутерн Браун, започнаа со пребарување на областа“, соопшти полицијата.

Се забележува дека пребарувањето не дало резултати „сè додека заменик-шерифот Коди Лончарик и неговото полициско куче Нокс не пристигнаа на местото на настанот“. Кучето веднаш започнало со пребарување на блиското поле, следејќи патека долга околу 500 метри, и ги насочило спасувачите кон точната локација каде што биле пронајдени децата.

Службениците не кажаа колку долго децата се воделе како исчезнати, но потврдија дека тие биле успешно пронајдени и спасени од густата шума. „Неизмерно сме благодарни за исклучителната тимска работа на сите вклучени“, соопшти канцеларијата на шерифот.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons