Повремени врнежи од дожд, на планините снег
Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови од земјава. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 Целзиуови степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 Целзиусови степени.
Според прогнозите на УХМР, во утре на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.



