Свет

Повеќе од 25.000 Сиријци се вратија од Турција во последните 15 дена

Во Турција, која со Сирија дели граница подолга од 900 километри, сѐ уште живеат околу 2,92 милиони Сиријци што избегале од војната, соопшти Јерликаја за државната новинска агенција Анадолија.

Повеќе од 25.000 сириски бегалци се вратиле во Сирија преку турската граница во последните две недели, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Турските власти претходно соопштија дека во периодот од 9 до 13 декември, 7.621 Сиријци се вратиле во својата татковина, откако падна режимот на Башар ел Асад.

Во Турција, која со Сирија дели граница подолга од 900 километри, сѐ уште живеат околу 2,92 милиони Сиријци што избегале од војната, соопшти Јерликаја за државната новинска агенција Анадолија.

Меѓу нив, повеќе од 500.000 Сиријци живеат во Истанбул, најголемиот град во Турција, додаде министерот.  (МИА)

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons