Повеќе би гладувале отколку да потрошат денар од сопствен џеб: Ова се најскржавите хороскопски знаци – парите им се сè на светот
Меѓу хороскопските знаци, има и такви кои се познати по тоа што претпочитаат да гладуваат отколку да трошат пари…
Јарците имаат силна потреба за финансиска сигурност и богатство. Тешко им е да се откажат од своите заштеди и често им завидуваат на оние кои се во подобра финансиска состојба. Нивната желба не е само да имаат пари – туку и да „пливаат“ во нив.
Биковите се многу педантни кога станува збор за пари – се сеќаваат на секој потрошен денар. Доколку дојде до расправија или раскинување, ќе се сетат на секој потрошен денар и би можеле да побараат враќање на парите. Сепак, ако се во стабилна врска, можат да бидат многу сигурни партнери.
Девиците се рационални, знаат како да заработат пари и често имаат многу, но во исто време се и многу штедливи. Очекуваат скромен живот од членовите на своето семејство и не сакаат да трошат на луксуз. Во случај на развод, се борат да не делат ништо. Во време на криза, нивната штедливост оди дотаму што се подготвени да умрат од глад.
Овие три знака се поврзани со одлична финансиска контрола и желба секогаш да ги имаат своите пари под целосна контрола – честопати на сметка на уживање во животот.