Пијан Дедо Мраз во Германија носел подароци па со автомобилот се забил во куќа
Пијан возач облечен во костим на Дедо Мраз се заби во куќа додека доставувал подароци на Бадник во источната германска покраина Тирингија.
Според полицискиот извештај објавен утринава, 54-годишен маж излетал со автомобилот од патот и удрил во куќа и автомобил во општината Унштрутал, северно од Милхаузен.
Полицијата извести дека предниот дел на куќата е значително оштетен, но подароците што мажот ги имал за семејството и пријателите останале неоштетени. Кога полицијата пристигнала на местото на несреќата видела дека мажот не е способен за возење и му направила алкотест во крвта.
54-годишникот се гони за загрозување на сообраќајот. Несовесниот Дедо Мраз изјавил дека сепак ќе ги достави своите подароци на Божиќ, но доставата ќе мора да ја изврши без својот автомобил оти му е одземена возачката дозвола.