Петрушевски: СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче
СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче.
Свесни за тоа што се може да сведочи Груби, во страв и паника го бранат криминалот на првиот вицепремиер на владата на СДС и ДУИ, па дури и се спремни да се жртвуваат за него.
Имено, потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска истакна дека одлуката на тогашната влада, за која меѓудругото се сомничи за криминал Артан Груби, била колективна, и според неа не било фер само Груби да добие кривична, туку требало да добијат и другите министри кои присуствувале на седницата, односно цела тогашна влада.
Дали дел од функционерите на СДС се спремни да се жртвуваат за овој криминал, само за Груби да не сведочи и за други криминали? Толку ли многу знае Груби што стравот и паниката во СДС се огромни? Зошто СДС со години молчеше, а со тоа и го одобруваше криминалот на Груби? Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?
СДС беше спремна на се, само за да бидат ден повеќе на власт. Соработуваа, местеа и молчеа за голем број на криминали и тоа ги доведе до околу 130.000 гласови.
Истрагата мора да оди до крај. Одговорност за криминалот направен од СДС и ДУИ мора да има!
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



