МакедонијаНајново

Патник пушел во авион на лет од Милано за Скопје, признал дека пушел цигара но не кажувал каде го фрлил отпушокот

Патник на летот Милано-Скопје на авиокомпанијата „Визер“ пушел цигара во авионот, 30-тина минути пред слетувањето на скопскиот аеродром.

Патникот запалил цигара во тоалетот кој се наоѓа до задната врата од леталото. Екипажот веднаш го пријавил случајот. Откако авионот слетал на скопскиот аеродром, патникот бил на разговор со надлежните служби.

Средновечниот маж признал на екипажот дека пушел цигара, но не кажувал каде го фрлил отпушокот.

Според правилата на авиокомпанијата, пушењето во авион, вклучувајќи класични и електронски цигари, е строго забрането без оглед на должината на летот. Како што стои на сајтот на Визер, последиците за непочитување на оваа забрана се парична казна до 3.000 евра и апсење од локалната полиција.

Од МВР за ТВ21 изјавиле дека нема приведено лице во текот на вчерашниот ден по слетување на авионот.

Патници велат дека и покрај строгите казни, се случувало и претходно во авионот да не се почитува забраната за пушење.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons