Спорт

Пандев: Седлоски е вистинскиот избор за нов селектор

Македонската фудбалска икона, Горан Пандев смета дека изборот на Гоце Седлоски за нов селектор е вистинската одлука во овој момент.

Пандев кој е директор на националните репрезентации, на денешната прес-конференција го кажа мислењето за новиот селектор.

„Седлоски го знам многу години, сме играле заедно, го знам како човек, како карактер и мислам дека е вистинскиот избор за селектор. Тој е човек кој дал многу за македонскиот фудбал и како играч и како тренер. Тој е млад и перспективен тренер кој може да го крене нивото на нашата репрезентација. Пред него е голема работа и се надевам дека ќе направи голем успех во репрезентацијата“, рече Пандев.

Тој верува дека можеме да го минеме баражот со Данска иако потенцира дека не сме фаворити.

„За мене во фудбалот нема фаворити, веруваме дека можеме да ја минеме Данска. Оваа генерација за мене е најдобрата што ја имала Македонија и верувам дека овие деца може да направат голем резултат. Не сме фаворити, но во 90 минути сите ќе го дадат максиумот, ќе изгинат на теренот и дај Боже да се радуваме“, додаде Пандев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons