Паднаа Фејсбук и Инстаграм
Корисниците ширум светот пријавуваат проблем со услугите на Мета – Facebook, Messenger и Instagram.
Проблеми со користењето на овие социјални мрежи, пријавиле луѓе низ Европа, Северна Америка и Азија. Корисниците пријавиле неможност да објавуваат содржини на Инстаграм, а на страната на компанијата „Мета“ се гледа дека имало нарушување при работењето на „Алатката за објавување“.
Сајтот DownDetector, кој ја следи состојбата и стабилноста на интернет-страниците, покажа проблеми со работата на два социјални тома во последниот час.
Корисниците кои пријавуваат проблеми доаѓаат од речиси сите делови на светот, вклучувајќи ги САД, Австралија и делови од Европа и Азија.