Македонија

Осуммина осудени за 27 април излегуваат на слобода еден ден пред Нова година

Повеќето од осудените за настаните од 27 април 2017 година добиле условен отпуст, откако издржале повеќе од две третини од затворските казни, дознава „Скопје1“ од извори во Кривичниот суд. Одлуките ги донел Кривичниот совет, кој оценил дека се исполнети законските услови за да се донесе ваква одлука.

На слобода ден пред Новата година треба да излезат Мунир Пепиќ, Оливер Поповски, Влатко Трајковски, Душко Лазаров, Јане Ченто, Митко Пешов, Горан Ѓошевски и Никола Митревски. Досега отпуст добија Младен Додевски и Горан Ангелов-Ќосето кои меѓу првите го напуштија затворот. објави Скопје1.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons