Актуелно

Од утре „Сејф сити“ почнува да казнува, МВР со апел да се почитуваат правилата

Од утре официјално започнува примената на системот „Сејф сити“, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во полна функција – известува Министерството за внатрешни работи.

Системот ќе стартува на територија на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10 со што ќе започне со санкционирање на граѓаните кои направиле прекршок детектиран од камерите.

Во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци:

• непрописно паркирање;

• управување со брзина поголема од пропишаната;

• минување на црвено светло;

• управување на возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.

Системот „Безбеден град” е исклучително важна инвестиција во безбедноста на сите граѓани и целата држава, ќе спасува човечки животи, ќе го регулира сообраќајот, а ќе ги санкционира сите оние кои не сакаат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на сопствена штета и штета на другите учесници со сообраќајот.

Камерите се поставени на критичните сообраќајни точки каде често се случуваат сообраќајни прекршоци.

МВР апелира до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за подобри, посигурни и побезбедни патишта низ државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons