Актуелно

Од понеделник ќе ги има во аптеките новите девет лекови на товар на Фондот 

Од понеделни (16 септември), во аптеките ќе може да се набават деветте нови лекови на позитивната листа, соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари.

На листата се додадени лекови за крвен притисок, за срцеви заболувања, антиагреганти, лекови за третман на депресија и деменција.

Се работи за девет нови генерации, односно 87 лека со разни имиња и форми.

Таравари истакна дека заедно со Светската здравствена организација (СЗО) подготвуваат платформа преку која ќе биде обезбедена транспарентност на целиот процес за идното проширување на позитивната листа и ќе бидат земени предвид препораките од СЗО и од експертите во државата.

Следното проширување на позитивната листа, како што најави министерот, ќе биде по Нова година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons