МакедонијаНајново

Огласот за нов претседател на Антикорупциската комисија ќе се објави утре 

Огласот за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупција ќе биде објавен утре, потврдија од Собранието. 

„Рокот за пријавување ќе трае 10 дена. Понатамошните фази од постапката ќе се спроведат согласно роковите и процедурите утврдени во член 12 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси“, соопштија од Собранието. 

Членот на кој се повикува Законодавниот дом, вусшност е членот во кој се објаснува постапката за избор на членови на антикорупциската комисија. 

Откако ќе заврши огласот, во рок од три дена, Комисијата за селекција врши проверка дали се исполнети условите, по што се прави листа на пријавени кандидати, со податоци, кој ги исполнува условите. 

Во рок од 5 дена откако листата ќе биде објавена на веб страницата на Собранието, се организира интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите, а кое се емитува на Собранискиот канал. Доколку некој од кандидатите не дојде на интервјуто, се смета дека ја повлекол пријавата.

Сепак, од Собранието не појаснуваат, дали нов претседател на антикорупционерите ќе биде избран до распишувањето на локалните избори, кога и се стопираат сите процеси, или пак, Комисијата ќе остане без прв човек до завршувањето на изборниот процес.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons