МакедонијаНајново

Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка против тројца бугарски државјани, жители на Пловдив, поради неовластена трговија со македонски народни носии како добра под привремена заштита, културно наследство и природна реткост.

„Осомничените, во текот на месецов, во околината на Демир Хисар, заедно договорени, во група, неовластено купувале предмети – делови од македонски народни носии кои претставуваат културно наследство според член 2 од Законот за заштита на културното наследство и чијшто промет е забранет или ограничен.
Имале цел таквите предмети да ги изнесат во странство, односно во Република Бугарија, но на 9 декември биле затекнати од полициски службеници како ги пренесуваат натоварените предмети во едно товарно возило и еден автомобил“, објави ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons