Нов конкурс за избор за претседатели на судовите во Берово, Делчево и Радовиш, на последниот нема пријавени
Конкурсот за избор на први луѓе во овие судови во источниот дел на земјава се распишува по трети пат.
На претходниот конкурс за избор на претседатели на основните судови во Берово, Делчево и во Радовиш не се јавил ниту еден кандидат, па затоа Судскиот совет ќе распише нов конкурс.
Според претставникот на комисијата за исполнетост на условите и критериумите, Џенета Бектовиќ на конкурсот објавен од 6 јуни во определниот рок нема доставени пријави за трите раководни позиции.
– Извештајот е доставен до Судскиот совет за натамошно постапување со предлог повторно да објави оглас за избор на претседател на Основен суд Берово, избор на претседател на Основен суд Делчево и избор на претседател на Основен суд Радовиш, рече Бектовиќ на денешната седница на Судскиот совет.
Конкурсот за избор на први луѓе во овие судови во источниот дел на земјава се распишува по трети пат. (МИА)