Ново пукање вечерва: таргет било 24-годишно момче од Арачиново кое е во болница
Вечерва околу 21 часот се случила престрелка во скопско Арачиново.
Едно лице е повредено но нема информации во каква состојба се наоѓа и дали има други повредени или жртви.
Денеска (28.08.2024) околу 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Арачиново било пукано кон А.И. (24) од с.Арачиново, кој се здобил со повреди и е пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.