Актуелно

НОВО ПОСКАПУВАЊЕ: Бензините од утре со нови цени 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 12.05.2022 година.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,258 ден/кг и сега ќе изнесува 52,436 ден/кг.

Од 17.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС – 95     92,00   (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 98   94,00    (денари/литар)

Дизел гориво   ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)     86,00   (денари/литар)

Масло за горење    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)     84,00   (денари/литар)

Мазут М-1 НС   52,436 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините  за 1,334 %, кај дизелот има намалување за 1,840%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,559% и кај мазутот има намалување за 0,96%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,307%.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, посочуваат од Регулаторна.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons