Нови цени на горивата, поевтинува дизелот
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек 1,17 % во однос на одлуката од 7.6.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 0,374 %, кај дизелот 3,697 %, кај екстра-лесното масло 4,097 % и кај мазутот намалувањето е 2,312 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,087 %.
Од 11.6.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС 95 – 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 82,00 (денара/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 71,50 (денар/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 42,475 (денара/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,734 ден/кг и сега ќе изнесува 42,475 деари/кг.