Нови дојави за бомби во седум скопски училишта
Во неколку скопски средни училишта денеска повторно имало дојави за поставени бомби.
Евакирани се ученици во седум училишта, меѓу кои и од „Јосип Броз-Тито“, „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Панче Караѓозов“…
Од МВР велат дека ги проверуваат информациите за новите дојави за поставени бомби.