„Новиот Нострадамус“ најави турбулентна 2025 година: „Имам визии за атентат, гледам и силен земјотрес“
Крег Хамилтон-Паркер медиумите во Велика Британија го нарекуваат „Новиот Нострадамус“. Тој тврди дека успешно го предвидел доаѓањето на Доналд Трамп на власт во 2016 година, излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, пандемијата на корона…
Тој е чест гостин на медиумите во Велика Британија, има напишано десетици книги, а сега за Метро ги сподели своите прогнози за 2025 година…
-Британското кралско семејство го очекува турбулентна година. Хари и Меган ќе се разведат, знам дека сега се зборува за тоа, но тоа го предвидов веднаш штом завршија заедно. Чарлс ќе го пречека синот со раширени раце, додека на принцот Хари ќе му треба повеќе време да го обнови односот со Вилијам – тврди Хамилтон-Паркер.
Во неговите визии, како што вели, гледа и нов обид за атентат на Трамп. Новиот американски претседател ќе го преживее и ова, убеден е „Новиот Нострадамус“…
Ќе пукаат во него додека излегува од автомобилот – вели овој 70-годишник, кој тврди дека има 50-годишно искуство во предвидување на иднината.
Тој додава дека врската меѓу Трамп и Илон Маск наскоро ќе се распадне, бидејќи гледа ширење на протести во САД, нови скандали на познати…
– Гледам нови тензии меѓу Кина и Тајван. Америка ќе се обиде да преговара за мир меѓу Украина и Русија. Гледам и зголемување на тензиите меѓу Иран и Израел – вели тој.
– Јапонија ќе ја погоди силен земјотрес. Ситуацијата не изгледа добро ниту за Франција. Имам визии за оган, чад и протести во Париз. Европа ќе се сврти надесно, владите ќе се рушат – рече на крајот.
Неговите изјави предизвикаа лавина коментари, многумина му рекоа дека воопшто не му веруваат …
– И јас ова можев да го предвидам. Спомнува само работи кои се веќе очигледни – пишува во еден од коментарите.