Николов и Начевски ќе го судат мечот за трето место на СП
Најдобрите македонски судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски не го добија финалето на Светското ракометно првенство, ќе треба да се задоволат со мечот за бронзениот медал.
Николов и Начевски ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Франција и Португалија кој денеска започнува од 15 часот.
Македонските судии на ова Светско првенство им судеа и на Франција и на Португалија, двете селекции остварија победи. Португалците триумфираа над Шпанија со 35-29, а Французите против Египет со 34-33.
Финалето меѓу Данска и Хрватска се игра од 18 часот.