Нивото на Преспанското Езеро е само 5 сантиметри над апсолутниот минимум
Нивото на природните езера во Македонија е под просечните вредности за овој период од годината, информира УХМР: На речиси рекордно ниско ниво е Преспанското Езеро за кое од УХМР велат дека е за 5 сантиметри повисоко од апсолутниот минимум. Од вчера до денес нивото на ова Езеро порасна за еден сантиметар, но е за 1,83 метри пониско од просекот за месец април. Од вчера до денес нивото на Охридското Езеро порасна за 2 сантиметри и е под просечните вредности за овој месец, додека кај Дојраското Езеро нема промени.
„Водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните за април и тоа за 10 сантиметри кај Охридското, односно за 1,83 метри кај Преспанското Езеро со што сега е на пет сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). За разлика од нив, нивото на Дојранското Езеро е за 2,76 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината“, велат од УХМР.
Водостоите, пак, на реките најчесто се пониски од просечните за април и бележат благо намалување или зголемување во споредба со вчера