Актуелно

НЕ ЧЕКАЈТЕ ПРИВАТЕН АВТОБУС: Скопските улици и денес без приватните превозници 

Приватните превозници и денес нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите, изјави синоќа за МИА Јовица Зафировски, претставник на превозниците. 

Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои вчерашната попладне ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт откако и на денешната седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар. 

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на седницата информираше дека иницијативата на превозниците била доставена доцна за да биде вклучена на седницата.

– Иницијативата е доставена доцна за да биде вклучена во оваа седница. Иницијативите се доставуваат до градоначалникот за мислење, а што не било случај со оваа. Таа ќе биде доставена денеска до градоначалничката Арсовска. Откако ќе биде разгледана од нејзина страна, иницијативата треба да биде вратена до Советот, објасни Славески.

Тој се на социјалната мрежа „Х“ објави дека приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот и оти на потег е градоначалничката Данела Арсовска. Тој сподели документи: Барањето за мислење со предлог по иницијатива од член на Совет на Град Скопје за покачување на цената на услугата на приватните превозници ангажирани од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје и Иницијативата за отпочнување постапка за покачување на цената од членот на Советот на Град Скопје Горан Арсов. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons