Нереално: Синер е првиот тенисер во историјата на кого му се случи ова
Во своето прво финале на грен слем турнирот Австралија Опен во 2024 година, Јаник Синер се врати од негативата од 0:2 во сетови и направи неверојатен пресврт.
Но, 18 месеци подоцна на Ролан Гарос, светскиот број 1 почувствува какво е да се биде на другата страна од тој резултат. Италијанскиот тенисер загуби од Шпанецот Карлос Алкараз во финалето во пет сета по пет часа и 29 минути игра, што е најдолгото финале на Ролан Гарос во историјата и второто најдолго финале на еден грен слем, веднаш зад финалето на Австралија Опен во 2012 година.
– Денес имав шанси, толку многу шанси што не ги искористив – рече Синер во мечот што се смета за едно од најдобрите финалиња на грен слем турнирите во историјата.
Италијанецот стигна до своето прво финале на Ролан Гарос без да загуби сет и ја продолжи својата серија на 20 сета во Париз – и 31 сет на грен слем турнирите – кога ги доби првите два сета против Алкараз. Нереално е што Синер стана првиот тенисер која ги освои првите 20 сета на еден грен слем, а потоа не успеа да ја освои титулата.
Како актуелен победник на Отвореното првенство на САД и Отвореното првенство на Австралија, Синер имаше и 20 последователни победи на грен слем турнирите. Тој беше на работ да им се придружи на легенди како Род Лејвер, Пит Сампрас, Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ како единствените во Опен ерата што освоиле три последователни грен слем турнири.