Нема продолжување на рокот на старите пасоши
НЕМА ДА СЕ ПРОДОЛЖИ РОКОТ НА СТАРИТЕ ПАСОШИ
Во Собранието не беа изгласани измените на Законот за патни исправи, кои беа предложени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а со кои се бараше продолжување на важноста на старите пасоши со Република Македонија до крајот на 2024 година. Против измените на законот гласаа 54 пратеници, додека 46 беа “за“.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот фејсбук профил напиша дека пратениците на СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите и со тоа, како што вели, оставија на цедило над 600 илјади граѓани, но затоа им се заблагодари на дел од пратениците од власта, кои, сепак гласале „за“ и со тоа покажале дека се грижат за потребите на граѓаните.