МакедонијаНајново

Нема напредок во работата на комисијата со Бугарија – учебниците по историја за петто и шесто одделение на увид

Македонскиот тим историчари дел од комисијата со Бугарија доставиле на увид нови учебници за историја и општество за петто и шесто одделение на вчерашниот состанок кој се одржа во Скопје.

Без конкретни информации дали бугарската страна ги побарала овие учебници на увид и дали имаат забелешки за содржината во соопштение од македонскиот тим се наведува дека:

–За време на средбата од македонска страна беа доставени новите учебници за Историја и општество за V и VI одделение. Со оглед на новата реалност на средбата се разговараше околу идниот пристап и методологија во однос на дискусиите околу учебниците. Дискусијата по оваа тема ќе продолжи на следната средба. Нагласуваме, македонскиот тим низ својот проактивен пристап за градење на доверба, продолжува кон изнаоѓање на одржливи решенија, врз основа на взаемно почитување на сувереното право на другиот за различна перцепција кон минатото – соопшти македонскиот тим во Комисијата.

Бугарските историчари во соопштение за тамошните медиуми изјавиле дека:

-Наспроти позадината на декларативниот став на колегите од Република Северна Македонија за ефикасна работа на комисијата, беа потврдени разликите во разбирањето на нејзината природа. За да се надмине сериозниот застој и да се обезбеди време комисијата да ја заврши својата работа, бугарската страна предложи одржување на дополнителен состанок преку интернет на почетокот на декември.

Учебниците кои се доставени на средбата се оние кои од годинава се во наставата за учениците, а одобрени од Бирото за развој на образованието и МОН, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска за Сител.

Токму учебник по историја и општество за петто одделение во 2023-та година само неколку дена откако беше објавен и доставен до учениците, беше повлечен од настава поради утврдени грешки и содржини што не одговараа на барањата од наставната програма.

На последните состаноци со сменет македонски состав, нема постигнато никаков напредок. На претходниот состанок македонскиот тим историчари на увид го доставиле и учебникот по историја за VII одделение.

Претходниот состав на историската комисија предложи по пет препораки за надминување на историските разлики и недоразбирања меѓу двете земји. Од македонската страна има пет препораки за бугарските учебници за 5 одделение и исто толку бугарски препораки за македонските учебници за 6 одделение кои го третираат античкиот период.

На тогашните средби дадени се и препораки за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил.

Тоа беше и последниот исчекор во мешовитата комисија.

Претставените нови учебници по историја за петто, шесто и седмо одделение ќе бидат дискутирани на следната средба на комисијата на 11 и 12 декември во Софија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons