Актуелно

Нема активни пожари, под контрола во „Јасен“, во Долнени и на Кожуф

Нема активни пожари на отворен простор на територија на државава, според податоците до седум часот утрово, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.

Ставени се под контрола се пожарите во општините Македонски Брод, Гевгелија и Долнени.

Во „Јасен“ опожарена е мешана шума. На планината Кожуф има приземен пожар. На територија на селата Долгаец и Стровија, исто така, опожарена е мешана шума.

МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons