МакедонијаНајново

На Ортопедија извршена прва трансплантација на ахилова тетива 

На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори.

Интервенцијата, како што соопшти Министерството за здравство, е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива.

-Пациентката е со уреден постоперативен тек. Трансплантацијата е извршена под водство на д-р Ерен Сејфула, заедно со д-р Александар Савевски и д-р Бојан Будиќ, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, во соработка со д-р Милена Богоевска, болнички координатор за ортопедија и одговорна за ткивна банка – се вели во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons