Најстудено во Крушево и Пожаране, измерени -2 степени
Утрово е нешто потопло па така најниската температура е измерена во Крушево и Пожаране и изнесува -2 степени.
-1 има во Берово, Попова Шапка 0 во Виница, Тетово, Крива Паланка, 1 во Струмица, Штип, Маврови Анови, Прилеп, Кавадарци, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Велес, 3 во Гевгелија, Крушево, Скопје-Петровец, Демир Капија, Скопје-Петровец, Претор, 5 во Охрид.
Снежна покривка: 31 см Попова Шапка, 8 см Маврови Анови.
Умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во крајните источни и западни делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, со услови за слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.