Актуелно

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје 

Жена го родила своето прво дете на 61 година на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. 

Директорката Ирена Алексиовска Папестиев објави дека таа се породила пред неколку дена на скопската Гинеколошка клиника. 

Таа важи за најстарата жена што го родила своето прво дете во Македонија.

Според досегашните информации, мајката и бебето се во стабилна состојба. 

Детето е зачнато преку ин витро процедура.

Повеќе детали се очекува денеска да соопшти директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons