НАЈНОВА ВЕСТ: Османи утре во Софија ќе го потпише протоколот
Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе отпатува за Софија каде ќе го потпише билатералниот протокол меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Потпишувањето ќе биде во 10 часот по бугарско време, а претходно ќе се одржи состанок на меѓувладината комисија.
Ова следува по денешното усвојување на заклучоците за францускиот предлог во македонското Собрание по што Владата на седница одлучи да го прифати предлогот на француското Претседателство.
Премиерот Димитар Ковачевски попладнево на прес-конференција соопшти дека Владата го задолжила министерот за надворешни работи да ја информира Бугарија за заклучоците што ги изгласа Собранието.
Првата меѓувладина конференција, како што денеска најави премиерот Димитар Ковачевски, ќе се одржи во вторник во Брисел.