Актуелно

НАЈНОВА ВЕСТ: Бугарин избоден со нож во Скопје

Навивачите на Левски беа нападнати во Скопје во пресрет на натпреварот од второто прелиминарно коло од Конференциската лига со Шкупи. На снимката што ја објави локална телевизија, може да се видат жителите на населбата Чаир како фрлаат корпи за отпадоци кон бугарските поддржувачи и удираат во нивните автомобили. Не е јасно што му претходело на инцидентот.

Полицијата е во целосна мобилизација откако УЕФА го дефинираше натпреварот како ризичен поради политичката тензија меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Навивач на фудбалскиот тим „Левски“ е во болница по тепачка меѓу навивачки групи, пренесе БНТ.

Повредените се движеле надвор од одредената патека за навивачите. Дошло до конфликт со навивачи од Северна Македонија, по што еден од Бугарите бил избоден со нож, тврди БНТ.

Според бугарската телевизија, нема опасност по неговиот живот, тој е пренесен во болницата „Мајка Тереза“, каде што е на лекување.

На трибините се очекуваат околу 1.000 симпатизери на „сините“. Атмосферата се вжешти во последните денови поради заканите на социјалните мрежи за палење на знамињата на Северна Македонија и Албанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons