Актуелно

Народна банка: Мал месечен пад на каматата за кредити за домаќинствата, раст на годишно ниво 

Народна банка објави годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,38 процентни поени., при што во декември таа изнесува 2,17 отсто. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,17 процентни поени и изнесува 5,30 поени.

Во декември 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,30 отсто и остварен е месечен и годишен пад од 0,06 п.п. и 0,17 п.п., соодветно. 

„Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечен и годишен раст од 0,05 п.п. и 0,38 п.п., соодветно и изнесува 2,17%. – Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити2 , овој месец, е пониска за 0,40 п.п. и 0,79 п.п., соодветно, на месечна и на годишна основа и изнесува 4,42%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,78% и забележа месечно намалување од 0,02 п.п., додека на годишно ниво се зголеми за 0,41 п.п“, објави централната банка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons