Направил операција, па побарал поткуп: МВР потврди – Доктор приведен, кај него најдени обележаните пари
М.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава.
На 28.01.2025 во 17 часот во просториите на, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.С.(64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола.
Тој се сомничи дека сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик, односно дека по завршен хируршки зафат побарал и примил поткуп од лице од битолско.
Кај него биле пронајдени и одземени парите, кои претходно биле обележани.
М.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава.