МакедонијаНајново

Над 150 собраќајни несреќи само за продолжениот викенд 

Тројца моторџии во Гостивар, Битола и Охрид  вчера  завршиле со тешки телесни повреди откако излетале со мотоциклите од патиштата. Пешак тешко повреден е во болницата во Велес по удар од возило. Неколку хоспитализирани има и во штипската болница по сообраќајна несреќа која ноќеска по полноќ се случила  на патот Македонска Каменица – Делчево. Ова е само дел од билтенот на МВР за едно деноноќие и сериозните последици по животот и здравјето на учесниците во сообраќајот.  Алармантна и загрижувачка е статистиката за продолжениот празничен викенд. Во перидот од 1 до 4 август регистрирани се дури 155 сообраќајни несреќи каде едно лице го загуби животот а 23 завршиле со тешки телесни повреди. Ќе допрат ли превентивните кампањи до учесниците во сообраќајот?

-Периодот актуелната е канпањата насочена кон мотоциклистите – носи кацига. Сите истражувања и анализи покажуваат дека носењето на кацига при евентуална сообраќајна несреќа и тоа како може да го спаси животот на лицето кое управува мотоцикл. Апелираме и до родителите да не им дозволуваат на своите деца да возат мотоцикли без соодветна заштитана кацига и без соодветна документација, вели Гоце Андреевски, портпарол на МВР

Јавувањето за сообраќајна несреќа во Брза Помош е секогаш повик од прв степен и веднаш одат на лице место. Велат дека во летниот период најтешки се сообраќајките со возачи на мотори. Тие според лекарите најчесто завршуваат во болница со сериозни повреди.

-Во последното деноноќие интервениравме кај 4 сообраќајни несреќи – еден повреден пешак, превртено возило и две сообраќајки со лени повреди за среќа. Меѓутоа последниот период, посебно кога почна летото имаме доста сообраќајќи на мотоциклисти кои се едни од најтешките. Наидуваме на разни повреди од најтешката – повреда на глава и затоа апелираме да носат кациги, вели д-р Марина Сотировска, од Брза Помош Скопје.

Брзо возење, управување возило под дејство на алкохол се најчестите причини за сообраќајни несреќи. Оние кои не ги прифаќаат превентивните кампањи и не ја почитуваат сообраќајната култура се соочуваат со законски казни.

Почитувањето на апелите и од полицијата и од лекарите ќе ги намали насловите во рубриката Црна Хроника каде постојано читаме за загинати и повредени по македонските патишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons