Македонија

Над 100.000 кубни метри дизел обезбедени преку нафтоводот – сигурно снабдување за домашниот пазар

Во услови на засилени притисоци на глобалниот енергетски пазар, сигурното снабдување со гориво останува еден од клучните приоритети за државата. Според податоците од почетокот на годината, преку продуктоводот, Вардакс во земјата влегле 100 000 кубни метри дизел.

Овие количини се успешно пласирани на домашниот пазар, со што се обезбедува континуитет во снабдувањето и се зајакнува енергетската стабилност на земјата. Испораките доаѓаат во период кога многу европски држави се соочуваат со неизвесности во снабдувањето и зголемени цени на енергенсите.

Експертите оценуваат дека ваквите навремени и стабилни испораки имаат значајна улога во амортизирање на пазарните шокови и во одржување на нормално функционирање на економијата. Дополнително, користењето на нафтоводот како транспортен канал овозможува поефикасно и посигурно снабдување во споредба со алтернативните методи.

Со вакви активности, ОКТА продолжува да игра важна улога во обезбедувањето стабилен енергетски систем, што е особено значајно во период на глобални предизвици и неизвесности.

Од Окта за да излезат во пресрет во услови на меѓународна нестабилност, ги намалија цените на големо, 3 денари за дизел и 2 за бензините 95 и 98 до 20 април. Владата покрај намалувањето на ддв од 18 на 10%, дополнително ја намали акцизата за да ги заштити граѓаните од ценовен шок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons