Македонија

Му кажале дека има биткоини но дека треба да има 200.000 ден. на сметка за да ги подигне, 45 годишен маж измамен во Куманово 

45-годишен маж од Куманово бил измамен за сума од 200.000 денари, измамникот го информирал дека има 14.500 долари од сметката на биткоини, соопшти денеска СВР Куманово. Кумановецот, откако зел брз кредит за да ги уплати парите, вчера во 14:30 го пријавил случајот во кумановската полиција.

„Според пријавеното, претставувајќи се дека е од „агенција за биткоини“, лицето му кажало дека на неговата сметка има биткоини во вредност од 14.500 долари и му побарало да му го даде бројот од неговата трансакциска сметка за да му ги префрли доспеаните парични средства. Како што е пријавено, за да може да му ги префрли парите требало да има 200.000 денари на сметката, а откако пријавителот подигнал брз кредит парите му биле повлечени од сметката, но не добил надомест за биткоините“, соопшти полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons