Македонија

Мухамед Зекири пуштен во домашен притвор 

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири по неколку месеци поминати во притвор во Истражниот затвор во Шутка во Скопје поради здравствени причини е пуштен во куќен притвор. Одлуката, како што потврдија од Апелацискиот суд Скопје, ја донеле денеска. Од судот посочија дека на Зекири му е одземен пасошот.

Во однос на тоа кога Зекири ќе биде спроведен од болница во куќен притвор, од Апелација немаат информации бидејќи, како што велат, полицијата треба да го спроведе кога за тоа ќе има услови.

Мухамед Зекири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според обвинението тој без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале хрватски државјани.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons