Мурињо се врати таму каде што почна, потпиша за Бенфика
Бенфика денеска и официјално го потврди Жозе Мурињо за нов тренер на португалскиот клуб. Португалецот стави потпис на двегодишен договор.
Жозе Мурињо се врати во својата земја, се врати во клубот каде што ја почна тренерската кариера, во Бенфика.
„Бенфика со задоволство може да информира дека е постигнат договор со тренерот Мурињо за нов тренер, договорот е до крајот на сезоната 2026/27“, стои во соопштението на клубот.
Од таму додаваат дека во договорот има опција која трае до 10 дена по последниот меч од сезоната 2025/26, Бенфика или Мурињо да одлучат да не ја продолжат соработката за сезоната 2025/26.