Мраз утринава низ целата земја, температурите паднаа до -14°C
Северно време утринава донесе екстремно ниски температури низ Македонија, при што Берово го забележа најстуденото утро со -14°C. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, слично студено било и на Попова Шапка и во Маврови Анови (-13°C), додека во Крива Паланка и Крушево термометрите покажале -12°C.
Во Скопје, температурата во Петровец утринава падна на -10°C, додека на Зајчев Рид беше -9°C. Во останатите делови на земјата, Велес, Тетово и Демир Капија измерија -9°C, а најблага утринска температура беше регистрирана во Гевгелија со -4°C.
Што се однесува до снежната покривка, најмногу снег има на Попова Шапка (32 cm), додека во Маврови Анови снежната покривка изнесува 8 cm, а во Крушево само 1 cm.
Денес не очекува сончево време со слаб северен ветер. Максималните температури ќе се движат меѓу 0 и 9°C, додека во Скопје се очекува највисока дневна температура од 7°C.
Синоптичарите најавуваат дека студеното утринско време ќе продолжи и во следните денови, со благо затоплување во текот на денот.