Актуелно

Можно е уште шест деца да се болни од туберкулоза, се чекаат тестовите

Шест деца се сомнителни на туберкулоза, а немале контакт со деветмесечното бебе кое почина од туберкулоза и неухранетост. Се чекаат тестовите кои треба да покажат дали децата кои се во детската болница во Козле се разболени од таа болест.

Децата со симптоми какви што се пројавуваат при туберкулоза, во петокот биле сместени во болницата „Козле“. Според тоа што може да се дознае, а пренесува Клан ТВ, децата биле во контакт со две и пол годишно дете кое од крајот на јануари е хоспитализирано на клиниката за Детски болести во тешка состојба, најпрво со менингитис, а по неколку извршени тестирања излегло позитивно на туберкулоза.

Од болницата „Козле“ велат дека освен што ги чекаат резултатите за шесте деца, чекаат и потврди дали децата биле вакцинирани од туберкулоза или не.

Во истата детска болница од почетокот на годината имаше и уште пет деца со симптоми на туберкулоза.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons