Македонија

МНР најстрого го осудува вандалскиот чин врз бугарскиот клуб во Охрид 

Реакција има од Министерството за надворешни работи(МНР) за оштетувањето на таблата на бугарскиот клуб Цар Борис Трети во Охрид кој беше отворен неодамна. 

МНР најстрого го осудува вандалскиот чин кој се случи денес во Охрид.  Додаваат дека во согласност со Уставот, и според долгогодишната пракса во земјава, сите граѓани  имаат еднаква слобода на здружување заради остварување на нивните права и уверувања. 

„Ги повикуваме сите надлежни институции да преземат соодветни мерки за овозможување на непречено исполнување на сите со Устав и закон загарантирани човечки и граѓански права и слободи. Истовремено, го повторуваме апелот и до сите граѓани и здруженија на граѓани за зрело и одговорно однесување со почит кон правата и слободите на другите, напоменувајќи дека мултиетничкиот карактер на нашата држава е една од темелните вредности на уставниот поредок, кое претставува право и обврска за секој од нас“, велат од МНР. По само пет дена од отворањето на бугарскиот клуб во Охрид, искршена е таблата на која стоеше испишано името. Адвокатот Тони Менкиноски поднесе иницијатива до Уставниот суд кој ќе треба да оцени дали програмата за работа и статутот на здружението “Цар Борис Трети” од Охрид се во согласност со уставниот поредок на земјата.

Претходно беше отворен клуб во Битола, а сега се подготвува и отворање на клуб во Богданци. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons