Мицкоски: Темата ДУИ се затвори денеска, кажав дека ќе бидат непријатно изненадени
Многупати кажував дека ДУИ и Али Ахмети ќе бидат непријатно изненадени денеска, и очигледно дека се непријатно изненадени, изјави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција на која објави огромна победа на Локалните избори.
Темата за предвремени парламентарни избори веќе сум ја одговарал неколку пати. Јас кога ги одговарав тие прашања во минатото знаев дека ќе се случи ова што се случи и знаев дека таквиот тип на политика од пред четири, пет децении од минатиот век дека ќе биде поразена на овие избори и бев во право. И затоа, многупати кажував дека ДУИ и Али Ахмети ќе бидат непријатно изненадени денеска, и очигледно дека се непријатно изненадени, изјави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција на која објави огромна победа на Локалните избори.
На новинарско прашање, Мицкоски кажа дека темата ДУИ се затвори денеска и дека не треба да дозволуваме таа да биде присутна повеќе во јавноста.
Мицкоски рече дека нема точна бројка на освоени гласови, но процентуално ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како што кажа, имаат освоено околу четириесет и два, три проценти од вкупниот број гласови што излегоа.
– Процентуално мислам дека имаме повеќе освоено од последните парламентарни, а многу повеќе од тие во 2021, рече Мицкоски.