Мицкоски: Ковачки е нов генерален секретар, избран е и новиот Извршен комитет, ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи со цел подобар живот за сите граѓани
Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата.
Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, којшто претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата.
Овие одлуки се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици. Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.
Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството.
Воедно најавувам дека во периодот којшто следи ќе имаме избор на претседатели на партиските општински комитети, како и избор на нови раководства на Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани. Овие процеси ќе се водат инклузивно, со јасна визија за иднината и со фокус на квалитет, одговорност и резултати.
Инаку, составот на Извршниот комитет е следен:
Генерален секретар е, нов генерален секретар практично е пратеникот Драган Ковачки.
За членови на Извршниот комитет на партијата се избрани следниве:
Александар Николоски, којшто е моментално потпретседател на Владата и министер за транспорт.
Владо Мисајловски, којшто во моментот ја извршува функцијата министер за одбрана.
Гордана Димитриеска-Кочоска, којашто во моментот е министер за финансии.
Тимчо Муцунски, кој што во моментот е министер за надворешни работи и надворешна трговија.
Ѓорѓија Сајкоски, досегашниот генерален секретар на партијата, актуелен пратеник.
Потоа Никола Мицевски, кој што е моментално координатор на пратеничката група и согласно статутот по функција е дел и од Извршниот комитет на партијата.
Луке Галески, кој што е дел од кабинетот на Владата и шеф на Центарот за комуникации и при Владата и во ВМРО-ДПМНЕ.
Потоа потпретседателот на македонското собрание Антонијо Милошоски.
Потоа пратеничката и заменик координатор на пратеничката група Дафина Стојаноска. Потоа пратеничката Рашела Мизрахи.
Националниот координатор за демографија Влатко Ѓорчев, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, потоа Марија Андоновска која што е директор во Институтот за јавно здравје.
Пратеничката и заменик координатор на пратеничката група, Ели Панова.
Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.
Портпаролот на Владата, Марија Митева.
Благоја Ташаминов, којшто е дел од мојот владин кабинет и претседател на Кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Градоначалникот на Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски.
Пратеничката Драгана Бојковска.
Директорот на 8 Септември, Синиша Стојаноски.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Носителот на листа на последните локални избори во град Битола, инаку професор на техничкиот факултет во Битола и член на Советот во општина Битола, Филип Поповски.
И директорот на Царина, тоа е Бобан Николовски.
На овие ќе им се приклучат, според Статут и функција, новите претседатели на Унијата на жени и Унијата на млади сили и Унијата на ветерани.
За организационен секретар е избран Ивица Томовски, досегашен и иден директор на Централниот штаб.
А, за шеф на мојот кабинет и шеф на мојот владин кабинет, Владимир Нелоски којшто продолжува да биде и шеф на кабинет во рамките на ВМРО-ДПМНЕ.
Во услови кога имаме опозицијата којашто не нуди решенија и којашто е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани.
Ви благодарам.
Линк од видео материјал: https://youtu.be/Ry0PuMfqtzA
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



